Чај од хибискус, триење на рацете: Необични, но ефикасни начини за намалување на стресот
Се соочуваме со стресот на секојдневна база. Тој може да влијае на многу аспекти од нашиот живот, ментално и физички.
Постојат многу едноставни и ефикасни начини за справување со стресот.
Ова се најдобрите необични методи за намалување на тензиите и елиминирање на последиците од стресот за кои можеби не знаевте:
1. Користите го вашиот чешел
Ова можеби звучи чудно, но се работи за ефикасен начин за намалување на стресот и болки во главата после напорен ден на работа. Одвојте време за да ја чешлате косата околу 10 - 15 минути во вечерните часови. Со ова вашите мускули ќе се релаксираат.
2. Јадете добра храна
Вкусната храна секогаш работи како противотров за стресот. На пример, риба (која содржи омега-3 киселини) е многу добра за вашите нерви. Но, доколку не сте љубител на морска храна, секогаш можете да јадете сладолед или банана.
3. Уживајте во масажа
Масирајте ги областите под носот, помеѓу веѓите, под усните и во центарот на дланките 30 секунди.
4. Тријте ги рацете
Ова е уште една бизарна, но мошне ефикасна метода за намалување на физичките ефекти на стресот. Тријте ги рацете додека не почувствувате топлина.
5. Дваесет и седум објекти
Постои една стара идеја дека ако поместите 27 објекти на нови позиции во вашиот дом, ќе бидете во можност да се ослободите од негативните мисли.
Се верува дека ова физичко ослободување на просторот ќе ви помогне во менталното ослободување од стресот.
6. Користете ги скалите
Качувајте се нагоре и надолу по скалите 30 секунди секој ден. Ова ќе ви го зголеми протокот на кислородот до оние делови на мозокот кои се занимаваат со емоционален стрес.
7. Пијте чај од хибискус
Чајот од хибискус може да помогне да ги намалите хемиските процеси кои предизвикуваат лоши чувства.
8. Средете го просторот
Оставајте ги работите назад на нивните точни места. Ова може да ви помогне да ги ставите своите мисли во ред и да се концентрирате.
9. Направете 1-минутна пауза
Најдете време да седнете дома сами една минута. Пуштете ја вашата омилена музика, седнете на вашето омилено место и уживајте.
Размислете за работите кои ги сакате најмногу од сите и напишете ги на хартија. Ова може да ви помогне да добиете појасна смисла за она што треба да направите.
10. Танцувајте
Ритмичките движења на звукот на музиката можат физички да ви помогнат да го намалите стресот. Исто така, ова е многу повеќе забававно отколку одење во теретана.
М. А. | Црнобело