Ситници кои може брзо да ве подмладат: Витамин Д, пешачење, јаткасти плодови...
Забрзаниот начин на живот, стресот, неквалитетната исхрана, недоволниот сон, нездравите навики можат да направат хаос во вашиот организам, а на вашиот лик да додат многу повеќе години од тоа што навистина имате.
Затоа, важно е уште денеска да воведете некои навики во вашиот стил на живеење и да ги сокриете годините.
Витамин Д
Покрај тоа што е особено важен за меморијата и помага во борбата против канцерогените болести, витамниот Д ги прави кожата, косата и ноктите поубави и поцврсти и им дава природен сјај. Во изобилство го има во месото, рибата и млечните производи. Витаминот Д може да ве освежи за девет години и четири месеци.
Внимавајте на броевите
Ако редовно го мерите вашиот крвен притисок, ги проверувате варијациите во обемот на вашиот струк, правите анализи на шеќерот и холестеролот во крвта, веднаш си ја преполовивте работата. Оваа весела математика може да лесно да ве направи помлади за девет години!
Комуницирајте
Не ги заборавајте семејството и пријателите. Останете во контакт со нив преку електронска пошта, телефон или со почести средби. Присуството на најблиските ве враќа назад низ времето за осум години.
Овошје и јаткасти плодови
Покрај тоа што се совршен оброк за кое било време од денот, овошјето и јаткастите плодови имаат и одличен вкус, го чуваат вашето срце и ви помагаат во борбата против вишокот килограми. Со нивна помош може да избришете шест години и четири месеци.
Намалете го стресот
Доаѓа во повеќе облици, а некои од нив можат да бидат корисни, но негативниот стрес може полека да ве уништува и одвнатре и однадвор. Постојат повеќе начини за борба против стресот, а најкорисни се медитацијата и вежбите за опуштање. Без стрес ќе изгледате година и седум месеци помлади.
Интегрално, интегрално, интегрално
Житариците од цело зрно како интегралното и `ржаното брашно, овесот и јачменовите снегулки содржат повеќе растителни влакна, ви помагаат да останете здрави и ја одржуваат вашата телесна тежина на нормално ниво. Со нивно секојдневно консумирање ќе се подмладите за две години и шест месеци.
Размислувајте позитивно
Кога сте во добро расположение и размислувате позитивно му помагате на телото да остане витално. Добрите вибрации може да ве освежат дури пет години и два месеци.
Пешачете
Само половина час дневно е доволен за релаксирачка прошетка која ќе ве опушти, ќе ве наполни со енергија и ќе ви даде цврсти коски. Одењето ќе ви помогне од умореното лице да избришете дванаесет години.
Исклучиво ноќен сон
Не само што за нормално функционирање на телото му се потребни најмалку шест часа сон, туку и потребно е тој сон да го добиете навечер, а не во текот на денот. Покрај тоа што ќе ви даде сила и ќе се чувствувате одморени, ноќниот сон ќе ви помогне да изгледате три години и четири месеци помлади од вашата вистинска возраст.
Вежбајте со тегчиња
Овој начин на физичка активност совршено ги обликува мускулите и помага во зацврстувањето на коските. Почнете со серија од десет вежби во времетраење од една минута. Повторувањето на овие вежби неколку пати неделно, ќе ве освежи за две години и шест месеци.
Внимавајте на оралната хигиена
Здравите заби и непца ќе ви го одржуваат имунитетот во одлична форма, а прекрасната насмевка несомнено ќе го разведри вашиот изглед. Редовната орална хигиена може да ве подмлади за шест години.
Пронајдете хоби
Одвојте време и научете некоја активност која одамна ја посакувавте. Независтно дали тоа ќе биде странски јазик, курс по готвење, цртање на платно, пеење или свирење на некој интересен инструмент, вашето ментално здравје ќе биде подобрено, а со тоа и вашиот изглед посвеж.
М. К. | Црнобело