Промени на ноктите кои не смее да ги игнорирате: Бели и темни линии, здебелени нокти...
На ноктите обично им посветуваме време само кога ќе пораснат, и тоа само неколку минути да ги исечеме и истурпијаме. Но, колку пати сте ги игнорирале промените како бели линии или промена на бојата на ноктот?
Кога следен пат ќе забележите некој од овие 10 симптоми, задолжително побарајте стручно мислење:
1. Промена на бојата на ноктите
Оваа промена најчесто укажува на инфекција, недостаток на витамин во организмот или проблем со некој одреден орган во телото. Ако ноктите се жолтеникави, може да се работи и за габични инфекции. Кафеавите нокти укажуваат на болести поврзани со штитната жлезда.
2. Кршливи нокти
Ако ноктите се нежни, тоа може да биде поврзано со пречесто лакирање и употреба на хемикалии или знак дека во скоро време кожата ќе ви се нафрли.
3. Здебелени нокти
Ова исто така може да е последица од габични инфекции. Меѓутоа, може да се работи и за артритис или проблеми со белите дробови. Посебно внимание треба да им посветите на задебелените ноктите кои бавно растат. Тоа значи дека вашиот организам веќе долго време се бори со болест.
4. Нокти во облик на лажица
Ако долниот дел од ноктот ви оди надолу, а врвовите растат нагоре, може да се работи за воспаление или показател на ослабени црвени крвни зрнца, како и анемија.
5. Вдлабнатини или дупчиња на ноктите
Колку и да ви изгледа страшно, ова не е предзнак за ништо лошо. Може да се работи за последица од удар или генетска предиспозиција која нема никаква врска со здравјето.
Уште 5 промени на следната страна...