3 причини зошто наутро не сте гладни
Ако ве загрижува тоа што наутро не ви се отвора уста, прв чекор кој би требало да го направите е да утврдите која е причината за тоа.
Постојат 3 основни:
1. Немате навика
Метаболизмот е чудна работа, која функционира врз основа на веќе утврдени навики. Ако со години не појадувате, сосема е нормално вашето тело да нема потреба за храна штом отворите очи.
Решението е едноставно - каснете со сила. И две залчиња се доволни за да го разработите метаболизмот.
2. Премногу сте јаделе ноќеска
Навечер метаболизмот треба да е смирен, па варењето тешко функционира. Затоа не би требало да ве зачуди дека ако навечер вечерате обилно, наутро сè уште ќе се чувствувате сити. Едноставно телото немало време да ја свари целата храна.
Решението повторно е прилично едноставно, но за многумина е тешко. Потрудете се да вечерате рано и да јадете храна која полесно се вари.
3. Хормони
Како и на сите останати процеси во организмот, така хормоните влијаат и на чувството за глад. Телото генерално наутро лачи одреден коктел на хормони кои би требало да не разбудат, но ако постои хормонална нерамнотежа, симптомите може да бидат утрински мачнини и гадење.
За жал, со хормоните не смеете да си играте, па ако се сомневате во вакво пореметување задолжително посетете лекар.