30 начини како да се ослободите од стресот
Што правите кога сте под стрес? Посегнувате по храна? Ги задржувате работите во себе? Се истурате на првата личноста која ќе налета? Или едноставно броите до десет и оставате работите да продолжат по својот тек и се адаптирате на нив?
Брзото темпо на живот постојано нè изложува на стресени ситуации. Некои од нас успеваат лесно да се справат со него, а за други тоа претставува вистински кошмар.
Ви нудиме 30 идеи кои ќе ви помогнат да се фокусирате на себе и од секоја ситуација да се извлечете со што помалку, или ако е можно, без создавање на стрес:
1. Излупете еден портокал, но не ја фрлајте лушпата, истражувањата покажале дека мирисот на цитрус значително го намалува стресот.
2. Читајте книга најмалку 6 минути.
3. Изедете авокадо, бидејќи неговата нутритивна вредност помага во намалувањето на крвниот притисок.
4. Прошетајте низ некој парк. Уживајте во зеленилото.
5. Дружете се со пријателите.
6. Слушајте го Моцарт.
7. Почестете се себеси со една масажа.
8. Секогаш кога имате можност гушкајте ги луѓето кои ви се драги.
9. Научете некој танц – истражувањата покажале дека ваквите видови на активности имаат значителен релаксирачки ефект.
10. Јавете ѝ се на вашата најдобра пријателка, на мајка ви, или на некоја ваша драга личност.
11. Помислете на сите работи за кои сте благодарни во овој момент.
12. Вежбајте.
13. Испијте чаша зелен или црн чај.
14. Мислете позитивно.
15. Јадете храна богата со омега-3 масни киселини (на пример лосос).
16. Слушајте го звукот на природата (во природа или преку снимени видеа).
17. Подарете им насмевка на луѓето кои ќе ги сретнете.
18. Ако чувствувате потреба да плачете, слободно направете го тоа.
19. Вежбајте јога и научете да медитирате.
20. Пијте сок од портокал.
21. Наспијте се, но потрудете се да станете рано.
22. Одморете се малку од социјалните мрежи.
23. Направете добро дело за некој друг.
24. Запишете ги на хартија своите мисли и стравови, и потоа фрлете ја хартијата (заедно со стравовите).
25. Наместо да јадете во канцеларија, излезете надвор (во блискиот парк или на некоја од околните клупи околу вашата канцеларија и уживајте во зеленилото).
26. Препуштете ѝ се на фантазијата и обидете се на сите настани во вашиот живот да гледате како на сцени од филм (а филмовите секогаш имаат среќен крај).
27. Земете го албумот со стари фотографии. Фотографиите од детството сигурно ќе предизвикаат насмевка на вашето лице.
28. Уживајте некое време во тишина. Подалеку од луѓе и било каква технологија.
29. Згответе го вашето омилено јадење и споделете го со некоја драга личност.
30. Прифатете се себеси, својот изглед и години.
И запомнете ништо не трае вечно, ниту најтешките проблеми, ниту најсреќните моменти, затоа научете како да уживате и да го цените секој момент кој го имате!
М. С. | Црнобело