Што ќе добиете ако секојдневно се гушкате?

Ако сте едни од оние кои обожуваат да се „галат“ тогаш сигурно ќе си ја објасните вашата неодолива желба со овие 5 докажани факти.

sto-ke-dobiete-ako-sekojdnevno-se-guskate-01.jpg

Гушкањето влијае многу позитивно на телото, умот и на емоционалната стабилност на човекот. Ве опушта, смирува, ве ослободува од стресот.

Што ќе добиете ако го практикувате секојдневно?

Гушкањето ви ја зајакнува врската

Помага да создадете подбра врска со другите луѓе кои ги сметате за блиски. Ве прави поопуштени и покомуникативни.


Ве ослободува од стресот

При гушкањето се ослободува окситоцин кој управува со кортизолот - хормонот одговорен за стресот. Тој ви ја подобрува и емоционалната состојба. А, со тоа ја подобрува и работата на срцето.


Ја ублажува болката

Кога ќе бакнете и гушнете некого кога е повреден не е само културолошки феномен, туку со тоа навистина му помагате да се чувствува подобро. Хормонот окситоцин ни помага да се чувствуваме подобро и е докажано дека ја намалува болката.


Полесно заспивате ако се гушкате

Со тоа што го намалувате стресот, се смирува и телото, па побрзо сте подготвени да потонете во сон.


Помага против зависност

Според многубројните истражувања, гушкањето ја намалува желбата за храна, алкохол, лекови и опијати. Па, ако сте зависни од нешто од набројаното, прегратката сигурно ќе ви ја ублажи состојбата.

Би можело да ве интересира:

Симптоми на цисти во јајници кои се знак дека треба да одите на гинеколог Болка во стомакот кога немате менструација, но и болен сексуален однос – Кои се ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Болести кои ги пренесуваат комарците - колку се опасни и кои симптоми не треба да ги игнорирате? Тигрестиот комарец кој го има и во Македонија пренесува повеќе од 20 видови боле...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg