Помешајте рен и оцет за да ги излечите синусите
Со првите ветровити и студени денови се враќаат и маките на сите кои патат од чести воспаленија на синусите.
Главоболките се задолжителен симптом кој исто така тешко се лечи.
За да не се преполните со таблети, попаметно е да го испробате овој старински рецепт за ублажување на болките и воспаленијата.
Најдобар сојузник е ренот, кој треба да го изрендате и да прелиете со половина литар вински оцет.
Мешавината ставете ја во стаклено шише и добро затворете. Чувајте ја 10 дена на собна температура, со повремено мешање.
Кога ќе поминат овие 10 дена, неколку пати во текот на денот отворете го шишето и правете инхалации околу 5 минути.
Истата течност може да ја ставите на парче памук или ткаенина и да ја држите како облога.
Терапијата трае 5 дена, што е сосема доволно. Можете да ја повторувате најмногу 2 пати во месецот.
Уште еден рецепт против воспалени синуси е да нарендате 50g рен во половина литар вода и да ставите да зоврие. Потоа правете инхалации, покриени со пешкир.