Храна која ја намалува желбата за секс кај мажите
Неправилната исхрана може негативно да влијае на машкото либидо, бидејќи лошите комбинации на производите можат да доведат до намалување на нивото на тестостеронот и да се зголеми производството на неквалитетни сперматозоиди.
Според тоа, производ број еден кој би требало да го избегнувате, ако сакате да го достигнете својот максимум во кревет, е црвеното месо.
Големите количини на црвено месо кое е богато со хормони кај мажите можат да доведат до нерамнотежа на природните нивоа на хормони во организмот и до намалување на либидото.
„Црвеното месо е најголем извор на протеини и цинк кои помагаат во градењето на мускулите и намалувањето на масното ткиво, но нуспојава е намалување на либидото. Токму затоа, најдобро е да го јадете во што е можно помали количини“ – вели нутриционистот Фрида Харју.
Постојат уште неколку производи кои можат да го намалат либидото кај мажите:
1. Грав
Како и црвеното месо, гравот изобилува со протеини кои позитивно влијаат на градењето на мускулна маса, но може да дојде до зголемено производство на гасови и намалување на желбата за секс.
2. Чоколадо
Овој сладок десерт се смета за афродизијак, но содржи хемикалии кои може да ја направат вашата кожа чувствителна и да ве направат летаргични.
3. Риба
Денес во рибата постојат сè поголеми количини на отпадни материи кои значително можат да го намалат либидото како кај мажите, така и кај жените.
4. Пржена храна
Транс-мастите кои изобилуваат во овој тип на храна можат да доведат до производство на неквалитетни сперматозоиди.
5. Пуканки од микробранова
Пуканките можеби ви се чинат како одлична идеја за филм, но кесичките во кои се пакуваат пуканките за брза подготовка во микробрановата печка имаат хемикалии кои влијаат на намалување на желбата за секс кај мажите.