5 фази кои мора да ги поминете доколку страдате од траума

Секој од нас има искусено траума во својот живот. Губењето на некој сакан е огромна промена во нашиот живот.

Ne-se-forsirajte-Ovie-5-fazi-mora-da-gi-pominete-dokolku-stradate-od-trauma-01.jpg

Дури и разводот се класифицира во некој вид траума. Тие трауми тешко може да се избегнат.

Како да си помогнеме самите за да се излечите од траумата:


1. Дозволете си да ја почувствувате болката

Не се обидувајте да ја потиснете болката со алкохол или апчиња. Не се кријте од тие чувства, напротив доживејте ги. Сигурно ќе се чувствувате лошо некое време, но тоа е само почетокот за да се ослободите од траумата. Мора да го добиете тоа искуство на чувствување болка.


2. Земете си го потребното време

Откако ќе го почувствувате ужасниот хаос, нема потреба да се враќате назад во истиот. Ако раскинете со партерот, немојте веднаш да тргнете во потрага по нов. Ако изгубите некој сакан, нема потреба да го негирате тоа. Земете го сето потребно време за да закрепнете.


3. Правете работи кои ве прават задоволни

Не треба да ја форсирате среќата, но враќајте ја насмевката малку по малку. Почнете повторно да ги правите работите кои ги сакате, но чекор по чекор. Нема потреба да брзате повторно да се вратите на старите навики.


4. Простете

Ако има на некој кој треба да му простите почнете да работите на тоа. Запомнете дека омразата кон некого е исто како да испиете отров очекувајќи дека другата личност ќе се отруе.


5. Кога ќе бидете подготвени раскажете ја вашата приказна

Кога сте во процес на закрепнување, раскажувањето на вашата приказна може да биде болна тема. Чекајте додека не се чувствувате тотално подготвени и напишете го она што го чувствувате.

Најпрво започнете со она што ви се случило. Напишете што ви се случило, а потоа на крај како гледате на тоа од денешна перспектива. Напишете ја својата приказна и не мора никој никогаш да не ја прочита.

Би можело да ве интересира:

Што е хемангиом кај бебе – зошто се појавува и дали е опасен? Хемангиомот е мек, издигнат израсток на површината на кожата на бебето. Хеман...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Што е мача и зошто е добро да се пие? Мача е зелен чај во прав, кој е одличен за превенција од рак, а ги штити коските...
„Ме мачи мигрена – Не, тоа не е главоболка, буквално не сум способна ништо да правам“ „Мигрените не се главоболки! Пропуштив многу работи поради нив. Нормалните звуци...
Што е воспалено слепо црево и кога треба да се оперира? Воспаленото слепо црево е честа појава која може да се третира успешно, но важно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg