Кикирики, бадеми или ореви?
Некогаш се сметаше дека костенестите плодови се непожелни во исхраната заради својата калоричност и високото ниво на масленост. Сепак овие...
...плодови се поздрави отколку што сите мислиме.
Нутриционистите некои од нив посебно ги препорачуваат:
1. Ореви
Овие плодови се богати со масни киселини на база на omega-3. Оваа масна киселина не е толку ефективна како онаа која се наоѓа во рибата, но сепак најновите истражувања покажуваат дека ги смалува воспаленијата кои ги оштетуваат артериите.
Исто така оваа кислина помага во заздравување на повредените или скршени коски. Ако јадете орево често ќе го подигнете нивото на корисен холестерол, со што значително ќе се намали нивото на штетниот холестерол.
Исецканите ореви може да се додадат како прелив за салата. Исто така оревите се составен дел од многу слатки продукти, а палачинките се секогаш повкусни со малку ореви на нив.
30 грама ореви = 14 половинки од орев = 185калории, 4 грама протеини и 19 грама маснотии.
2. Бадеми
Најновата студија покажа дека некои влакна кои се наоѓаат во бадемите ја блокираат апсорпцијата на маснотии. Учесниците во оваа студија тврдеа дека се чувствуваат задоволно и сито после јадењето бадеми, па потоа за време на останатите оброци помалку јадат и на крајот на денот вкупниот внес на калории останува ист.
Значи од бадемите нема да се здебелите иако тие се доста калорични. Една рака бадеми дневно обезбедува околу 35% од потребната дневна доза на витамин Е, важен антиоксиданс кој штити од Алцхајмерова болест.
30 грама бадеми = 23 бадеми = 163 калории, 6 грама протеини и 14 грама маснотии
3. Кикирики
Овие плодови технички не припаѓаат во костенестите плодови, туку во мешестите плодови заедно со гравот и грашакот, но заради тврдиот плод ги сместуваме некаде на средина. Тие значително пмагаат за балансирање на нивото на шеќер во крвта.
30 грама кикирики = 28 плодови = 166 калории, 7 грама протеини и 14 грама маснотии