5 начини како од сега да го спречите Алцхајмерот во староста

Симптомите на Алцхајмерот може да се појават уште во 40-те години, а дел од нив се недостатокот на ориентација, но и лошо распоредување на парите, тврди Ричард Липтон, невролог.

5-nacini-kako-od-sega-da-go-sprecite-alchajmerot-vo-starosta-01.jpg

Сепак, многу истражувања досега покажале дека постојат само 5 здрави навики кои ако почнете да ги практикувате на време може да ве заштитат од оваа болест.

1. Започнете со медитеранска исхрана

Медитеранскиот стил на прехрана е полн со риба, маслиново масло, интегрални житарки, овошје и зеленчук, заради што е богат и со антиоксиданси. Плус, се препорачува секојдневно внесување на витамин Д3.


2. Вежбајте

Физичката активност го штити мозокот. Едно истражување покажало дека секојдневната прошетка го намалува ризикот од Алцхајмер за 40%.


3. Грижете се за срцето

Високиот крвен притисок и високото ниво на холестерол може да ви ги уништат артериите и да предизвикаат удари, но и цели 80% од луѓето со кардиоваскуларни проблеми заболеле од Алцхајмер во староста. Затоа, регулирајте го притисокот со време.


4. Одржувајте здрава тежина

Вишокот килограми двојно ја зголемува шансата за Алцхајмер. Освен тоа, прекумерната тежина може да развие дијабетес тип 2.


5. Решавајте загатки

Секојдневно острете го мозокот. Пронајдете го омилениот тип на тестови, квизови и загатки и сочувајте си го здравјето.

Би можело да ве интересира:

Грчеви, висок притисок - Што се случува со телото ако претераме со одредена храна? Морковите се богати со бета-каротен, портокалов пигмент кој подоцна се претвора ...
Здравствени проблеми со кои може да се соочите кога е многу жешко (и кога да одите на лекар) Дехидратација, осип на кожата, но и топлотен удар – кои се најчестите здравствен...
Цисти на јајници: Кои се симптомите, дали се опасни и кога да се јавите на лекар Повеќето цисти на јајниците се формираат како резултат на вашиот менструален цик...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg