3 работи кои секоја жена треба да ги направи после сексот
Добро знаете што треба да направите пред и за време на сексуалниот однос, но дали знаете што се препорачува после самиот чин?
Секоја жена треба да ги направи овие 3 работи по сексот:
Правец во тоалетот, но само ако морате да мокрите
Уринарните инфекции се чести и секоја петта жена има проблем со нив. Американските гинеколози тврдат дека митот за мокрење по сексот нема да ви помогне.
Мокрењето нема да ве заштити од уринарните инфекции. Токму затоа, после сексот опуштете се и лежете.
Премотување на филмот од почеток до крај
Секоја жена ја анализира секоја секунда од сексот. Ако истиот бил добар, вреди тоа да го споделите со партнерот.
Разговарањето по чинот го прави односот посилен. Најдобро е да зборувате веднаш по сексот, бидејќи подоцнежното започнување на темата може да направи да се чувствувате неудобно.
Запаметете и запишете ги неудобните моменти
Понекогаш се случува во текот на сексот да почувствувате болка – или сте во период на овулација и јајниците ви се зголемени или партнерот зазел некоја неудобна положба.
Сепак, вреди да запаметите точно кога ви се случило тоа, бидејќи болките може да укажуваат на цисти, миоми, па и нешто посериозно.