Како до мирен и безгрижен сон
За да имаме добар ноќен сон потребна ни е чиста совест и живот без стрес. Со оглед на тоа дека ваков сон можеме да имаме само како бебиња, доктор...
...Luisa Dillner ни дава совети кои ќе ни овозможат сон - мирен приближно како оној на бебињата.
1. Не очекувајте да заспиете веднаш штом ќе ја спуштите главата на перницата. За да потонеме во сон потребни ни се најмалку 20 до 30 минути.
2. Спалната соба би требало да биде наменета исклучително за спиење или евентуално сексуални односи со парнерот/ката.
Затоа исфрлете ги сите електронски уреди од спалната соба бидејќи тие не само што се штетни туку и ни го одвлекуваат вниманието, па така многу често наместо да спиеме ние ќе се загледаме во некој филм или ноќна програма на ТВ.
3. Потрудете се во спалната соба да одржувате умерена температура, ниту премногу ладно, ниту премногу топло.
Никако не употребувајте висока преница бидејќи така додека спиете повеќе седите отколку што лежите.
4. Не се прејадувајте пред спиење. Исто така не се препорачува ни конзумирање на алкохол или пијалоци кои содржат кофеин, а ниту телесните вежби не се добри пред спиење.
Секако, телесните вежби се препорачуваат во текот на денот бидејќи така полесно ќе заспиете.
5. Потрудете се секоја вечер да заспивате во од прилика исто време. Пред да заспиете можете да се опуштите со пријатна купка или пак со омилената музика. Потрудете се и секое утро да станувате во исто време.
6. Ако пак ви се случи да не можете да заспиете, не се нервирајте, така само ја влошувате несоницата. Станете, прошетајте, напијте се чајче за смирување и повторно вратете се во кревет.