7 дена јадев само брза храна: Што се случи со моето тело?
Ако понекогаш знаете да се почастите со хамбургер или комбиниран - не е толку страшно, но што ако секој ден и тоа по неколку пати јадете брза храна?
Фиби Џексон Едвардс е 24-годишна девојка која решила да направи експеримент.
Пред почетокот на експериментот девојката ги поминала сите здравствени тестови и ги сочувала резултатите за подоцна да ги спореди. Процентот на масти во организмот изнесувал 23 и била во добра здравствена состојба.
Само 3 дена подоцна, почувствувала недостаток на енергија.
„Ми се смачи маснотијата и почнав да сонувам за зеленчукови салати. Веројатно дека немав многу избор, јадев само пици, хамбургери и сендвичи на база на месо и житарици.
Имав проблем и со концентрацијата, нивото на енергија ми беше многу пониско од вообичаено и постојано чувствував замор, дури и по добро отспиената ноќ. Ми беше тешко да останам сконцентрирана на работа, бев нетрпелива и се ме нервираше,“ раскажува девојката.
Што се однесува до изгледот, Фиби вели дека кожата и косата и станале помасни и морала почесто да ги мие.
Кога завршил предизвикот од 7 дена, се вратила во клиниката да направи нови резултати.
Тогаш процентот на масти пораснал на 25 проценти, а количината на масти наталожени на колковите и нозете била видлива.
Единствено позитивно изненадување кое го открила биле дерматолошките тестови кои откриле дека кожата и е похидрирана од претходно. Сепак, се работело за површинска хидратација заради тоа што кожата и била помасна.
„Докторите ми рекоа дека е потребен цел месец за да се изгуби 1% од телесната маса, што значи мене ќе ми требаат два месеци да се вратам во почетната состојба.“