6 тешки отрови кои секој ден ги внесувате во телото и како да се заштитите
За жал, колку и да мислите дека превентивните мерки може да ве заштитат од хемикалиите и отровите, тие се наоѓаат насекаде околу вас и е невозможно да ги избегнете.
Ова се само 6 од многуте опасни отрови кои секој ден ги внесувате во телото:
Бисфенол А
Главна состојка на пластичните шишиња, а се користи и за обложување на внатрешноста на лименките.
Штетни последици: На телото му делува слично како хормонот естроген, па го поттикнува предвременото влегување во пубертет. Може да предизвика проблеми со плодноста и да ја искомплицира работата на срцето.
Како да се заштитите: Избегнувајте конзервирана храна, а ако веќе мора да ја користите, штом ја отворите лименката, префрлете ја во керамички сад. Ако користите пластични шишиња, задолжително бирајте ги оние со озната BPA free. Со оглед на тоа што овој отров може да го има и на садовите за мраз, ако пиете пијалак со неколку коцки мраз не го пијте до крај и не го јадете мразот.
Фталати
Се наоѓаат во капсулите, пилулите и пластичните кеси, па се до козметиката и некои гелови. На кесите им ја подобруваат еластичноста, а на козметиката и овозможува поубав мирис и подолг рок на трање.
Штетни последици: Ја нарушуваат хормоналната рамнотежа во телото, а посебно го нарушуваат лачењето тестостерон.
Како да се заштитите: Избегнувајте производи со вештачки мириси, козметика на која пишува дека има фталати и трудете се храната да ја ставате во стаклени и керамички садови наместо пластични.
Перхлорати
Истражувањата покажуваат дека перхлорати најмногу има во јајцата, млекото, овошјето и зеленчукот.
Штетни последици: Влијаат на работата на штитната жлезда која управува со сите хормони во организмот и го отежнува користењето на јодот.
Како да се заштитите: Секогаш е добро да го знаете потеклото на храната која ја јадете, но ако тоа е невозможно, барем фокусирајте се да го збогатите менито со храна богата со јод како на пример морски плодови.
За следните 3 отрови прочитајте на следната страна...