5 опасни промени кои ќе ги доживеете ако спиете по 5 часа или пократко
Иако сите велат дека од спиење нема спомени, сепак за нормално да функционирате мора да го почитувате правилото на 8 часа сон во текот на еден ден.
Ако мислите дека нормално живеете и со 5 или помалку часови сон, сега научно е докажано што точно му правите на телото.
1. Дебелина
Личностите кои спијат нередовно или прекратко се склони на дебелеење. Причината е што мозокот не е доволно одморен и праќа сигнали дека му треба дополнителна енергија за работа. Таа потреба за енергија понатаму се врзува со чувство на глад.
Исто така, докажано е дека лицата кои спијат околу 5 часа дневно внесуваат околу 330 калории повеќе.
2. Висок крвен притисок
Телото во сонот ја враќа изгубената енергија, за што му се потребни 6 до 8 часа. Ако не му го овозможите тоа, голема е веројатноста дека ќе ви „врати“ со висок притисок кој доведува до срцеви заболувања.
3. Опасност од дијабетес
Исцрпениот организам не може правилно да ја регулира количината на шеќер во крвта, па затоа поголема е опасноста од дијабетес тип 2.
4. Паѓање на имунитетот
За телото да биде отпорно на бактерии и вируси, потребно е да биде одморено и негувано. Затоа, ако спиете по 5 часа, ви се зголемуваат шансите за чести инфекции и вирози.
5. Ментални пореметувања
Дали сте забележале дека по непроспиената ноќ сте лошо расположени и мрзеливи? Ако тоа го правите редовно, таквата навика може да доведе до депресија, напади и други ментални пореметувања.