10 знаци дека не пиете доволно вода
За да ја задоволите жедта често посегнувате по чашата обична негазирана вода, но овој природен извор на здравје често знае и да биде изоставен од секојдневната рутина, односно заборавен.
Еве неколку знаци дека не пиете доволно вода:
1. Усните ви се суви
Најочигледен знак преку кој се манифестира жедта се сувите усни и јазикот , но ако тоа веќе се случува имајте на ум дека вашиот организам веќе е дехидриран.
2. Кожата ви е исушена
Кожата е најголемиот орган во телото и на неа потребно и е многу вода за да остане во добра и хидрирана форма, а сувата кожа е еден од првите знаци на дехидрација.
3. Очите ви се суви
Недостатокот на вода во организмот се манифестира и преку очите, кои стануваат црвени и надразнети.
4. Ве болат зглобовите
Рскавицата и дисковите содржат дури 80% вода, а за да го одржат овој процент имаат голема потреба од вода, па ако сте дехидрирани ќе се појави и болка во зглобовите.
5. Намалена мускулна маса
Мускулите исто така содржат голема количина на вода, па намалената количина на вода во организмот автоматски предизвикува и намалување на мускулите.
6. Се чувствувате уморно
Заморот и летаргијата се дополнителни симптоми на недостаток на вода во телото.
7. Силни напади на глад
Дехидрираноста го мами мозокот и до него пристигнуваат сигнали дека организмот е гладен, а всушност станува збор за жед.
8. Мачнини во стомакот
Ждригавицата е прв знак дека имате киселини во желудникот како последица од недостатокот на вода во организмот.
9. Намалена потреба за уринирање
Ако одите во тоалет помалку од 4 до 7 пати дневно, тоа е јасен знак дека не внесувате доволна количина на вода во организмот.
10. Пребрзо стареење
Недостатокот на вода е видлив и на вашето лице, а бидејќи кожата станува сува многу бргу се појавуваат и брчки на лицето.