5 канцерогени работи кои не сте знаеле дека се опасни
Можеби никогаш не сте претпоставувале дека намирниците како инстант кафе и кафеав ориз може да содржат канцерогени честички, но најновите истражувања го докажуваат токму тоа.
Ова се топ 5 работи со кои треба да бидете посебно внимателни:
Инстант кафе
Кафето кое брзо се подготвува во себе содржи акриламиди, состојка која се наоѓа и во храната богата со јаглехидрати, пржена на високи температури како на пример чипсот.
Рибино масло
Неодамнешните истражувања покажуваат дека високите дози омега 3 масни киселини може да предизвикаат рак на простата.
Електронски цигари
Во замената за цигарите се наоѓа канцероген нитрозамин, чие количество е многу повисоко во електронската варијанта.
Формалдехид, честичка која ја има во новите кошули
Оваа состојка ги прави кошулите да изгледаат чисто и свежо, но може и да предизвика рак на дишните патишта.
Кафеав ориз
Едно истражување спроведено на универзитет открило дека кафеавиот ориз во себе содржи повеќе арсен во својот надворешен слој, отколку белиот ориз.