Лек против р’чењето: Пијалак кој ќе ви ги реши ноќните маки
Р’чењето е нарушување на дишењето кое може да биде предизвикано од бројни фактори. Покрај девијациите во носниот канал, тоа може да биде предизвикано од лоша перница, но и сува слузница во носот.
На нарушувањата на слузницата влијаат исхраната и хроничните воспалувања на синусите.
Ако и вие страдате од затнат нос со сува слузница можете да го пробате овој едноставен пијалак.
Потребни состојки:
- 2 Моркови
- 2 Јаболка
- 1 Парче ѓумбир
- 1 Лажица лимонов сок
Подготовка:
Морковите и јаболката добро измијте ги и отстранете ја кората од ѓумбирот. Состојките ставете ги во соковник и готови сте.
Првиот ден сокот пијте го наутро пред ручекот и пред вечерата, а потоа доволна ви е по една чаша дневно.
Сокот ги отвора дишните канали и ја нормализира слузницата, па го спречува и р’чењето.