Како да си помогнете ако ве касне стршлен?

Убодот од стршлен не е опасен по живот, но во повеќето случаи предизвикува алергиски реакции и отоци кои траат по неколку дена.

kako-da-si-go-spasite-zivotot-ako-ve-kasne-strslen-1.jpg

Меѓутоа, во некои случаи може да дојде до алергиски реакции на отровот кој стршленот го содржи познати како анафилактички шок, па работите да се искомплицираат.

До оваа состојба најчесто доаѓа ако:

- Лицето е алергично на каснатини од инсекти

- Лицето е каснато на незгодно место, најчесто во пределот на лицето и вратот, по што можно е гушење

- Лицето е неодамна каснато од стршлен или оса, на имуниот систем е пречувствителен на отровот

Во ваков случај на шок, задолжително повикајте брза помош за да се спроведе антишок терапија. Таа терапија ја спроведуваат исклучиво професионалци.

Во случај лицето да не добие лекарска помош, а е во животна опасност, алергиската реакција може да се ублажи со адреналинска инекција.

Во случај да нема алергиски реакции, туку се работи за обичен оток, местото третирајте го со ладни облоги. Користете ладни предмети како на пример метална лажица.

Последниот и најкорисен совет доаѓа од еден пчелар кој тврди дека секој убод од стршлен, оса или пчела можете да го ублажите со аспирин или андол. Потребно е да намокрите една таблета и да ја залепите на убодот. Држете најмалку 1 минута пред да ја отстраните.

Оваа постапка се прави веднаш по убодот и помага да се намали отокот, болката или чешањето.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg