Како да го преживеете денот по непроспиената ноќ?
Денот по непроспиената ноќ може да ви се чини како да трае цела вечност. Се чувствувате дезориентирано, поспано и изгубено.
Не гледате никакво друго решение освен да се струполите во креветот, но за жал, тоа не е секогаш можно. Посебно ако треба да бидете на работа.
За наша среќа, научниците имаат неколку предлози и трикови со кои ќе си го олесните денот кој треба да го минете на работното место, а пред тоа воопшто не сте спиеле.
Пред да појдете на работа, набрзина појадувајте. Но, внимавајте што ќе јадете. Ако не сакате дополнителен пад на енергијата во текот на денот, избегнувајте производи кои содржат шеќер. Појадувајте житарици или јајца.
„Шеќерот само накратко ја подига вашата енергија, но веднаш потоа се јавува нагло опаѓање“ – вели Рубин Наиман, научник од Универзитетот во Аризона.
Протеините и здравите масти се најдобар избор за појадокот.
Што се однесува до кофеинот, иако ќе чувствувате потреба да го консумирате во големи количини, најдобро е да избегнувате пиење на повеќе од една шолја на кафе. Истата најдобро е да ја пиете во попладневните часови.
Во утрото без разлика на тоа колку и да сте ненаспани, самиот организам лачи хормони со кои се будите по 20 до 30 минути.
Кога ќе пристигнете на работа, како за почеток завршете ги најтешките задачи и обврски, бидејќи енергијата подоцна дополнително ќе започне да ви опаѓа.
Ако пред вас се наоѓа некој важен состанок, тогаш одлична идеја е да ја испиете шолјата кафе токму пред состанокот.
Имајте на ум дека кофеинот за да почне да дејствува потребен му е најмалку половина час.
И што е најважно, веднаш по работниот ден заминете си дома и добро одморете се, не оставајте малиот број на часови на спиење да ви се натрупуваат.