Ментален тренинг: 4-те најдобри вежби за вашиот мозок
Мозокот можете да го вежбате и тренирате во буквална смисла на зборот, а тајната лежи во неговата добра „исхрана“.
Вашиот мозок е способен за многу неверојатни работи и што е најважно може константно да се менува во зависност од вашиот начин на живеење, навиките и делата. Може да се каже дека се однесува како мускул кој бара постојано движење – што повеќе го употребувате толку е посилен.
Ова се неколку едноставни вежби кои ќе го одржат вашиот мозок во кондиција:
1. Мозокот во утринска прошетка
Светлината е моќно средство која ако ја користите на правилен начин може да ви ја наголеми енергијата и да ви даде добар фокус. Тајната лежи во правиот момент на излегување на светлина.
Утринското светло ја зголемува активноста на мозокот и будноста во комбинација со една шолја кафе. „Сината“ светлина која доаѓа од утринското небо го забрзува времето на реагирање и влијае на циркадијалниот ритам – внатрешниот часовник кој го контролира распоредот на спиење.
Сончевите зраци се најдобри наутро па добро е да ги искористите максимално придобивките од утринските прошетки. Доволни ви се само 15 минути дневно.
2. Навечер уживајте во мракот
Светлината е одлична наутро, но навечер може да предизвика сериозни проблеми. Кога се подготвувате за спиење најдобро е да не се изложувате на силната светлина која не доаѓа само од сонцето, туку и од екраните на вашите монитори и телевизори.
„Сината светлина“ која доаѓа од дигиталните средства го намалува произведувањето на мелатонин и го намалува квалитетот на сонот.
Токму затоа навечер најдобро е да избегнувате лаптопи, компјутери, телефони или едноставно намалете ја светлината на истите, доколку мора да ги употребувате.
3. Краткотрајно постење
Уште еден начин на кој можете да ја подобрите работата на мозокот е да се одлучите за краткотраен пост, односно да поминете неколку часови (од 12 до 16 часа) без храна.
Покрај тоа што ги согорувате масните наслаги вашите мозочни клетки стануваат поотпорни на стресот. Истражувањата покажуваат дека се подобрува автофагијата, односно мозокот побргу се ослободува од мртвите и непотребни клетки.
4. Испробувајте нови работи
Мозокот на глувците е шокантно сличен со човековиот, а истражувањата на нив покажуваат дека кога откриваат нови и неоткриени работи бројот на мозочни клетки им расте. Покрај тоа и самиот мозок станува посилен, меморијата станува подобра, учењето се одвива побргу и дури и мозочните удари се многу поблаги.
Оттука, важно е постојано да го активирате мозокот, да работите нешто возбудливо и секако секој ден да работите нешто креативно. Читајте. Сликајте. Пишувајте. Извршувајте ги оние креативни активности кои ви се допаѓаат. Така ќе го одржите мозокот во форма.