Јадев по 40 лажици шеќер дневно. Еве што ми се случи (видео)

Човекот кој ја раскажува оваа приказна со години се хранел здраво, но заради експеримент одлучил да внесува огромни количини шеќер.

jadev-po-40-lazici-seker-dnevno-eve-sto-mi-se-sluci-video-01.jpg

„Како и секој сингл маж во триесеттите години, имав многу лоши навики. Пушев по кутија цигари дневно, а што се однесува до храната не внимавав воопшто.

Но, како што обично се случува, запознав прекрасна жена. Заради неа почнав да се преправам дека ме интересираат работи за кои немав врска. Здравата храна, шејковите од краставици и авокадо, лебот од чиа семки беа неколку од нив. Така започнав да водам поздрав живот.

До тогаш консумирав околу 30 лажици шеќер во просек, но тогаш таа бројка ја намалив на 0.

По 2 месеци луѓето почнаа да забележуваат позитивни промени. Кожата ми стана чиста, немав веќе подочници и го намалив салото околу стомакот.

3 години подоцна добив понуда да снимам краток филм за штетното влијание на шеќерот.

Почнав да консумирам по 40 кафени лажички шеќер дневно, низ производите кои сите ги јадеме - сокови, десерти, газирани пијалаци... Промените ги следеше тим од лекари во траење од 60 дена.

Кој би рекол дека сосот за скара и слаткиот чили сос содржат повеќе шеќер, отколку чоколадниот сируп?

jadev-po-40-lazici-seker-dnevno-eve-sto-mi-se-sluci-video-02.jpg

На почетокот ретко кој се интересираше за мојот филм, но откако за 12 дена накачив 3 килограми плус, и по 18 дена докторите ми дијагностицираа замастен црн дроб, работите се променија.

Црниот дроб ги претвора шеќерите во масти, па затоа не е ни чудо што многу луѓе се соочуваат со овој проблем.

Откако на продуцентот му ги соопштив вестите и резултатите, интересирањето за филмот доби сосема поинаков агол.

До крајот на експериментот се здебелив 8,5 килограми, развив склоност кон дијабетес тип 2 и имав замастен црн дроб. Плус, го зголемив ризикот од срцеви болести и си го проширив струкот за 10 сантиметри.

jadev-po-40-lazici-seker-dnevno-eve-sto-mi-se-sluci-video-03.jpg

Заклучив дека шеќерот е една од најголемите опасности за луѓето. Тој ги активира истите центри во мозокот како кокаинот и сексот. Затоа луѓето стануваат зависни.“

Погледнете го трејлерот за краткиот филм и размислете за тоа што точно консумирате:

Би можело да ве интересира:

8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Брз тест со кој ќе го проверите ризикот од рана смрт – Колку долго можете да стоите на една нога? Според тест на National Health Service од Англија, луѓето на возраст до 50 годин...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Суптилни симптоми на рак на белите дробови за кои е добро да бидете свесни Отежнато дишење, зарипнат глас, болки во грбот – кои симптоми можат да укажуваат...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg