Цел живот ја фрлате кората од лубеницата, без да знаете колку е здрава
Повеќето луѓе ја фрлаат кората од лубеницата откако ќе ја одвојат црвената срцевина, без да знаат дека фрлаат здрави витамини и аминокиселини.
Во кората од лубеницата има витамини Б и Ц кои му се потребни на организмот, а најчесто ги консумираме во облик на таблети.
Покрај витамините, кората содржи и голема количина цитрулин - аминокиселина која е значајна за нормалната циркулација и здравјето на срцето.
Слаткото од кора од лубеница е веќе добро познат рецепт кој може да го пробате, но сега сите нутриционисти препорачуваат кората добро да ја измиете и да ја исечкате на мали коцки.
Додека е свежа, треба да ја сомелете во блендер додека не добиете кашеста смеса. Потоа, оваа смеса може да ја додадете во свежо цедените сокови и шејкови.