Што добивате ако секојдневно консумирате пивски квасец?
Пивскиот квасец има свој посебен „епитет“ - козметика однатре. Зошто? Благодарение на многубројните ефекти кои ги има не само на изгледот и здравјето на кожата, туку и на косата, ноктите па и општото физичко здравје.
Овој тип на квасец се нарекува пивски квасец бидејќи во основа служи за правење на пиво. Неговото официјално латинско име е Saccharomyces cerevisiae и покрај тоа што се употребува за подготвување на добро познатиот освежителен алкохолен пијалок, се употребува и како природен суплемент во исхраната.
Зошто?
Пивскиот квасец е посебно богат со минералот хром кој игра важна улога во балансирањето на нивоата на глукоза во крвта. Денес се прават истражувања за да се утврди точното влијание и како би можел да помогне и при лечење на дијабетесот.
Покрај тоа, богат е и со селен. Минерална состојка која претставува богат антиоксиданс и која штити од срцеви заболувања.
Овој тип на квасец добро познато е дека е одличен извор и на B-комплекс витамините вклучувајќи ги: B1витаминот, B2, B3, B5, B6, B9 и биотинот, кои се есенцијални за енергија и заштита на нервниот систем, системот за варење, одржување на здравјето на кожата, косата и црниот дроб.
Единствен мит кој не е точен, а се врзува за пивскиот квасец е дека е богат и со витаминот B12.
Пивскиот квасец се консумира како додаток во исхраната преку пиење на апчиња или прав која се раствора во вода. Претставува одличен додаток за оние кои сакаат да се разубават однатре.
По само месец дена секојдневно консумирање се забележуваат позитивните промени и подобрениот изглед на вашите коса, кожа и нокти.