Лимон предизвик: 28 дена пијте по една чаша вода со лимон и ќе доживеете огромни промени
Познатата американска жена која се бори за здравиот начин на живот, Данет Меј, објави видео на YouTube и ги предизвика луѓето да и се приклучат во најновиот експеримент.
Се работи за лимон предизвик кој трае 28 дена, а ќе ви донесе неверојатни резултати.
Лимонот е алкален, па заради тоа има моќ да ги исчисти и најштетните токсини од вашето тело. Данет тврди дека ако ја практикувате оваа навика секојдневно, вашето тело нема да има време кога да ги задржува отровите.
Покрај тоа, лимон предизвикот е препорачлив за оние кои сакаат да ослабат. Метаболизмот ќе ви се забрза, течностите нема да се собираат, со што конечно ќе дојдете до посакуваната тежина.
Се што треба да направите е во 1 чаша вода да исцедите половина лимон и да испиете штом станете од кревет. Поточно, практикувајте ја оваа навика пред да појадувате и да го активирате телото.
Важно е водата во која го цедите лимонот да не биде студена. Данет пие топла вода, но препорачлива е и вода на собна температура.