Проверете: Месецот на раѓање открива кон која болест сте склони
Истражување кое е спроведено на Универзитетот во Колумбија покажува дека месецот во кој сте родени има влијание над тоа на која болест сте подложни во текот на животот.
Можеби ви се чини неверојатно, но астрологијата веројатно е во право.
Месецот на раѓање е шаблон по кој може да се одреди од што може да се разболите.
Сезонските промени на годишните времиња во текот на раниот период од животот влијаат на ризикот од појава на одредени болести. Ова откритие е од голема помош за пронаоѓање на нови фактори кои влијаат на ризикот од некои хронични заболувања.
Научникот кој бил одговорен за ова истражување споредил 1688 типови на болести со датумот на раѓање на 1.7 милиони пациенти и дошол до интересно откритие.
Луѓето кои се родени во потоплите пролетни и летни денови се најсреќни затоа што, за нив најмал е ризикот од добивање на некаква хронична болест. Оние кои се родени во месецот октомври се најподложни на појава на хронични болести.
Иако постои најголем ризик, научниците тврдат дека тоа не значи дека детето 100% ќе добие некаква болест. Во равенката влегуваат и други поважни фактори како што се исхраната и начинот на живеење.
Ова е шаблонот за секој месец одвоено:
1. Јануари – Хипертензија и срцеви заболувања
2. Февруари – Проблеми со артериите и срцеви заболувања
3. Март – Артеросклероза
4. Април - Ангина, срцеви болести
5. Мај – Нема склоности
6. Јуни – Нема склоности
7. Јули – Нема склоности
8. Август – Нема склоности
9. Септември - Астма
10. Октомври – Нарушување на вниманието
11. Ноември – Инфекции на дишните патишта
12. Декември – Хронични проблеми со бронхиите
Погледнето го видеото: