Како да препознаете дека сте доживеале топлотен удар и како да си помогнете?
Топлотниот удар е најсериозен облик на повреда во топлите денови кога сте изложени на директно сонце и високи температури, односно во повеќето случаи се третира како итен случај.
Група која најмногу страда од топлотни удари се лицата над 50 години, но тоа не значи дека младите и децата се поотпорни.
На топлотниот удар најчесто му претходи чувство дека телото ви гори, исцрпеност и несвестици, а се јавува заради „откажување“ на вродениот механизам за контрола на температурата на телото.
Први симптоми по кои ќе познаете дека сте доживеале или некој доживеал топлотен удар:
- Внатрешна температура од 40,5 степени
- Забрзана работа на срцето
- Главоболка
- Вртоглавица
- Чувствителност на светлина
- Недостаток на пот и покрај жештината
- Црвенило и сувост на кожата
- Слабост во мускулите
- Грчеви
- Мачнини и повраќање
- Отежнато дишење и губење на воздух
- Забрзано дишење
- Промена во однесување - конфузност, дезориентација или панични напади
- Несвестица
Прва помош
Ако се сомневате на топлотен удар, веднаш повикајте брза помош. Секое одложување на лекарска помош може да биде фатално.
Додека ја чекате брзата помош:
- Тргнете се на ладовина
- Задолжително раскомотете ја облеката, ништо не смее да биде стегнато
- Пијте течности
- Пробајте да ја спуштите температурата на телото со ладење на челото, ладни облоги или туширање