Табела на сите алергии и нивното времетраење: До кога ќе кивате?
Пролетта полека си заминува, но алергиите никако да попуштат. Оние кои постојано киваат и шетаат со насолзени очи, очајно се обидуваат да дознаат - кога ова ќе престане?
За жал, немаме добри вести затоа што стручњаците веруваат дека илјадници лица кои патат од пролетни алергии токму оваа година ќе имаат најсилни симптоми заради високата концентрација на полен.
Во табелата подолу со зелена боја се означени месеците и периодите кога концентрацијата е најниска и ќе ја почувствуваат исклучиво неверојатно чувствителните лица, додека со жолта боја е означена умерената концентрација. Тогаш потешкотии ќе имаат поголем дел од луѓето.
Со црвено е означена многу високата концентрација на честички кои предизвикуваат алергии, односно сите алергични лица ќе почувствуваат тешкотии, кивавици и солзења на очите.