Пиете пилули како контрацепција? Еве што ќе ви се случи кога ќе престанете

Секој вид на контрацепција си има предности, но и маани за кои мора да бидете свесни пред да започнете да ја употребувате. Знаеме дека пилулите се можеби најлесната контрацепција од женски аспект, но што се случува кога ќе престанете да ги пиете?

piete-piluli-kako-kontracepcija-eve-sto-ke-vi-se-sluci-koga-ke-prestanete-01.jpg

Мери Џејн Минкин е докторкта и професорка која открива како влијаат пилулите за контрацепција откако ќе престанат да се користат.

1. Болките и грчевите во стомакот може да се засилат

За многу жени хормонската терапија ги намалува болките во стомакот за време на менструацијата. Затоа, ако се одлучите да престанете со користење на пилулите, бидете подготвени за силни симптоми и болки кои речиси сте ги заборавиле.


2. Плодноста се враќа

Ако престанете да ги пиете пилулите, а не почнете да користите друга контрацепција, можете веднаш да останете бремени. Не постои начин на кој преостанатите хормони во вашето тело ќе се изборат против бременоста.


3. Појава на акни

Ако сте имале проблем со акните и мозолчињата пред да користите пилули, тој повторно ќе се врати. Пилулите за контрацепција содржат естроген и прогестерон, хормони кои влијаат на лачењето на маснотии, па во моментот кога ќе прекинете да ги користите кожата веќе нема да може да изгледа чисто и здраво како порано.


4. Гради стануваат поинакви

Некои жени се посебно чувствителни откако ќе ја прекинат хормонската терапија, а други доживуваат целосна спротивност - ја губат чувствителноста при допирање во пределот на градите.

piete-piluli-kako-kontracepcija-eve-sto-ke-vi-se-sluci-koga-ke-prestanete-02.jpg

5. Вагината станува повлажна

Не постои друг начин да се опише што се случува таму долу. Кога ќе се откажете од пилулите потребно е малку повеќе време вагиналната флора да се врати во нормала, но произведувањето на природни течности секако се зголемува.


6. Може да ослабете

Некои видови контрацепција може да предизвика задржување на течности во вашето тело, па кога ќе престанете да ги користите може да се случи нагло да ја изгубите насобраната вода. Бидете подготвени за 3-4 килограми помалку.


7. Сексуалната желба се зголемува

Ако ви се чини дека желбата за секс ви е зголемена, причина за тоа може да бидат пилулите. Кога ќе престанете да ја користите, дефинитивно почесто ќе ги забележувате мажите во околина.

Би можело да ве интересира:

Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Како најбрзо да ја излечите настинката (и што НЕ треба да правите)? Топлите течности, како чаеви и супи, можат да бидат од помош, но нема цврсти док...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg