3 големи грешки кои ги правиме во тоалет

Веројатно не сте ни свесни за грешките кои ги правите кога одите во тоалет, а не се воопшто работи за запоставување.

3-golemi-greski-koi-gi-pravime-vo-toalet-01

Некои работи може да предизвикаат разни инфекции и воспаленија. За да го спречите тоа, мора претходно да ги откриете грешките кои ги правите и да не ги повторувате.

1. Предолго седите

Често се случува кога имате потреба да извршите голема нужда, тоа да не ви оди баш толку лесно, па долго да останете на ве-це школката. Се напрегате и со тоа го поттикнувате развојот на хемороидите.

Ако имате проблем со вршењето голема нужда не седете непотребно во исчекување, туку станете, прошетајте, бидејќи така ќе го натерате системот за варење да проработи.


2. Премногу се бришете

Во овој случај помалку е повеќе. Тоалетната хартија ја иритира перианалната кожа, а тоа доведува до чешање и воспаление. Доволно е да се избришете еднаш или двапати, а ако е потребно повеќе тоа значи дека веројатно не сте ја завршиле работата до крај. Бирајте мека тоалетна хартија без дополнителни мириси и парфеми, бидејќи тие може да ви ја иритираат кожата.


3. Се бришете во погрешен правец

Многу жени несвесно ја прават оваа грешка по мокрењето и се бришат одзади кон напред. Така ги пренесуваат бактериите од ректумот кон мочниот канал.

За разлика од мажите, кај жените мочниот канал е пократок па бактериите побрзо и полесно стигнуваат до бешиката и предизвикуваат уринарна инфекција. Поради тоа секогаш бришете се од напред кон назад.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg