5 причини заради кои треба да јадете повеќе јагоди
Јагодите се можеби највкусното летно овошје кое го обожаваме во овошни салати, колачи, во комбинација со пудинг и чоколадо или едноставно потопени во шлаг.
Со оглед на тоа што сезоната им започна, постојат најмалку 5 причини зошто треба почесто да уживате во нивниот вкус.
1. Ви помагаат да ослабете
Ако сакате да си ја дотерате линијата пред да облечете бикини, јагодите ќе ви помогнат во тоа. Ова овошје помага при согорување на масните наслаги, а истражувањата покажаа дека поволно влијаат на помнењето.
2. Ја ублажуваат болката
Докажано е дека јагодите имаат антивоспалително дејство кое ја ублажува секоја болка. Препорака на лекарите е да консумирате јагоди 3 пати неделно ако сакате да ги намалите ризиците од секаков вид на воспаленија.
3. Имаат антикацерогено и антиалергено дејство
Ова вкусно овошје е богато со флавоноиди кои се борат со канцерогените клетки и воедно спречуваат истите да се размножат. Освен тоа, фенолните киселини од јагодите имаат антиалергени својства, што значи дека помагаат при сите алергиски реакции.
4. Помагаат во борбата со шеќерот
Иако постојат недоумици дали лицата со повишен шеќер смеат да јадат јагоди или не, неодамнешните истражувања покажаа дека токму ова овошје го регулира шеќерот. Доволни се 130g свежи јагоди за нивото на шеќер во крвта значајно да се намали.
5. Го забавуваат стареењето
Јагодите се неверојатно богати со антиоксиданси, толку многу што се наоѓаат на 4-то место по ред на листата на намирници со најголема концентрација на истите. Тие се важни затоа што го ослободуваат телото од токсини, што понатаму спречува развој на многу болести и го забавува стареењето на кожата.
Имате уште некоја добра причина?