Исповед: Како е да растеш со опсесивно компулсивно растројство?

Доколку немате слушнато за ова психичко растројство време е да дознаете нешто повеќе за него.

ispoved-kako-e-da-rastes-so-opsesivno-kompulsivno-rastrojstvo-1

Факт е дека го имаат многу луѓе ширум светот, но не знаат како да се ослободат од него по природен пат.

Да растеш со едно вакво растројство може всушност да биде една добра лекција која ќе ви послужи во животот.

Опсесивно компулсивно растројство значи опседнатост со чистота, а оваа исповед е на девојка која со години се соочувала со неа:

Јас отсекогаш бев девојче кое сакало да се валка во песок, да си игра со другарчињата боса на улица, да јаде и да се брише од алиштата, кога ќе дојдеше време за туширање ми доаѓаше да побегнам од дома.

Но, сето тоа додека бев мала и имав кој да внимава на мене и мојата чистота, мојата мајка отсекогаш ме пресоблекувала кога ќе се извалкав и притоа ме карала кога ќе бев валкана.

Кога мојата мајка започна да работи, тогаш започнав сама да се освестувам и сфатив дека на едно девојче не и доликува постојано да биде валкана во валкани алишта и да не се тушира.

Тогаш во мојата глава се формира таа опседнатот со чистота бидејќи мислев дека доволно време сум се запоставувала себеси, а исто така и мојата соба. Таа беше неуредна, баш како мене, а причината за тоа бев јас.

Откако се свестив, малку повеќе од потребно започнав да се будам рано наутро и да ја чистам не само мојата соба, туку и цела куќа на два спрата заедно со дворот комплетно.

Потоа се туширав и не правев ништо цел ден со цел да не се извалкам од било што.

Седнував на едно место и се скаменував само за да останам комплетно чиста цел ден, се плашев дури и од честичките во воздухот, мислев дека ќе ме извалкаат.

При туширањето го повторував целиот процес два пати, а некогаш и повеќе. Моите забележаа промена кај мене, но не реагираа никако бидејќи мислеа конечно сум созреала.

Мојата мајка немаше повеќе обврска да ја чисти куќата бидејќи беше постојано чиста, а исто така немаше обврска да ме средува бидејќи постојано бев средена, чиста и намирисана.

Тоа што ми се случуваше во главата го знаев само јас и никој друг, мислев дека не е ништо страшно се додека еден ден не сфатив дека навистина имам проблем.

Ја исчистив куќата, се истуширав и седнав на креветот во дневната, повторно скаменета кога дојде мојот брат и ме допре за рака прашувајќи ме што правам секој ден седејќи во едно исто место.

Кога ме допре се почувствував како највалканата личност на светот, мислев бактерии шетаат по моето тело, заминав да се истуширам веднаш, а алиштата ги ставив за перење иако беа чисти.

Тогаш сфатив дека тоа што го правам не е здраво, косата постојано ми се мрсеше од тоа што ја миев секој ден, па започна да ми паѓа.

Кожата започна да ми се лупи поради тоа што постојано беше третирана со секакви препарати за хигиена и јас едноставно повеќе не личев на себе.

Наместо да отидам на лекар, одлучив сама да се излекувам од оваа болест.

Започнав да фаќам валкани работи, да не се туширам толку често и да имам почест физички контакт со луѓе како на пример допирање на раце при разговор.

Со постојано повторување на сето ова растројството го тргнав од моето секојдневие успешно. Се намалија и моите останати психички проблеми како што беше броењето на миење на рацете.

Доколку не ги измиев рацете одреден број на пати, се чувствував валкано, па започнав да не бројам повеќе.

Сега повторно сум љубител на добра хигиена, но не претерана, бидејќи сфатив дека се што е претерано е лошо, а таа лекција направи голема промена во мојот живот.

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Вие прашувате, психолог одговара: „Постојано се плашам дека сум болна од нешто и дека умирам“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg