8 знаци кои ќе ви откријат дека сте внеле премногу кофеин

Кафе, зелен чај или газиран сок - тоа се пијалаци кои ги консумираме секојдневно по неколку пати, а кои се преполни со кофеин, па може да не доведат до чудно однесување и поинаква состојба на организмот.

8-znaci-koi-ke-vi-otkrijat-deka-ste-vnele-premnogu-kofein-01.jpg

Проверете ги овие 8 знаци и на време откријте дали денес сте претерале со внесувањето на кофеин.

1. Пребрзо зборувате

Некои луѓе зборуваат побрзо од други, но ако кај себе забележите дека устата ви е во 5-та брзина, а инаку сте посмирени, тогаш тоа е првиот знак кој ви открива дека треба да паузирате од кафе.


2. Имате напади на топлина

Ако во еден момент ви е претопло, а веќе во наредниот се смрзнувате, тоа е уште еден показател за „предозираност“ од кофеин.


3. Постојано мокрите

Ако испиете 3-4 кафиња во текот на денот, не се чудете што на секои 10 минути имате потреба да одите во тоалет.


4. Нервозни сте

Нервозата и нетрпеливоста без некоја посебна причина настануваат по повеќе од 2 чаши кафе или некој друг пијалак полн со кофеин.

8-znaci-koi-ke-vi-otkrijat-deka-ste-vnele-premnogu-kofein-02.jpg

5. Срцето ви чука силно и брзо

Ако имате впечаток дека во секој момент срцето ќе ви излезе од гради, тогаш сигурно сте внеле премногу кофеин.


6. На моменти губите свест

Ако забележувате дека на моменти се губите и исклучувате, па потоа сте хаотични и не можете да седите мирно, вистинско време е да престанете со кафето и газираните пијалаци.


7. Реакциите ви се нападни и неконтролирани

Ако некој тивко ве викне, а вие скокнете како да ви ставил мегафон на уво, тогаш време е да се замислите.


8. Чувствувате неверојатна жед

Потребата за вода како веднаш после десерт е уште еден знак дека треба да намалите со кофеинот.

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg