Како до блескаво бели заби за совршена насмевка?
Клучот на совршениот изглед лежи во здравите и бели заби, а за да го постигнете тој ефект погледнете ги овие трикови.
За да имате здрави и силни заби доволно е да се придржувате до неколку едноставни правила:
Мијте ги забите минимум 2 пати дневно
Еднаш наутро и еднаш навечер пред спиење. Идеално е да ги миете забите после секој оброк, бидејќи така ги отстранувате насобраните бактерии кои предизвикуваат создавање на кариес.
Шеќерот и скробот се најштетни за забите
Намирниците кои содржат шеќер и скроб како разните слатки, газираните пијалаци и брзата храна, се посебно штетни за забите. На овие намирници им се потребни само 20 минути да отпуштат киселина која ги напаѓа забите и непцата. Затоа, ако сакате бели и здрави заби, намалете на внесувањето на шеќер во храната и пијте повеќе вода.
Забите не треба да се мијат во случај кога...
...јадете или пиете кисели производи. Така, на пример, ако после ручекот сте се напиле сок од портокал, не ги мијте забите барем 30 минути. Киселините го слабеат горниот слој на забот, па со четкањето само дополнително го оштетувате.
Додатоци за чистење заби
Миењето заби само по себе не е доволно за максимална нега и грижа за забите и непцата. Потребна ви е и антибактериска течност за измивање на устата и редовно употребувајте конец за заби. Овие додатни работи за чистење на забите морате да ги вклучите како ритуал во оралната хигиена, бидејќи помагаат во отстранување на храната и чистење на бактериите од усната шуплина.