Доктор Оз: 3 трикови за енергија во текот на целиот ден
Дали сте знаеле дека секој човек има 3 клучни моменти во текот на денот кога енергијата му паѓа на најниско ниво?
Во тие критични моменти од нас зависи дали повторно ќе ги наполниме батериите или целосно ќе се испразниме.
Ако сакате да бидете во првата група, доктор Оз ви ги предлага овие 3 трикови:
Прв трик: Кафе со млеко 30 минути по будењето
Иако повеќето луѓе традиционално се будат со црно кафе, доктор Оз тврди дека поефикасно е кафето со млеко. И тоа не премногу силно, со најмалку 1dl млеко, точно 30 минути по будењето.
Втор трик: Ароматични мириси попладне
Имајќи во предвид дека организмот функционира во циклуси кои траат по околу 8 часа, на крајот од првиот циклус нашата енергија паѓа на минимално ниво. Токму затоа се чувствувате малаксано околу 14-15 часот. Нашето тело тогаш бара одмор, а доктор Оз тврди дека ароматичните мириси како свеќи со смирени ноти се најдобар стимуланс на енергијата во тој момент.
Трет трик: Десерт 20 минути по вечерата
Третиот трик дефинитивно најмногу ќе ви се допадне затоа што предлага да се почестите со десерт 20 минути откако ќе вечерате. Пожелно е десертот да содржи доста магнезиум, како на пример бананата или путерот од кикирики. На тој начин најлесно ќе останете продуктивни додека да одите на спиење.