Дијабетес или шеќерна болест

Шеќерна болест или дијабетес е хронично неизлечиво системско нарушување на метаболизмот кој се карактеризира со трајно зголемување на нивото на глукоза во крвта.

dijabetes-ili-sekerna-bolest-01

Условен е од наследни фактори, а настанува поради намалена секреција или намалено биолошко дејство на хормонот инсулин, односно во комбинација на овие два фактора.

Тој недостаток ја попречува размената на јаглехидрати, масти и белковини во организмот, а по долго време влијае и на структурата на крвните садови и другите витални органи.

Дијабетесот е последица и на модерниот стил на живот и зголемениот број на надворешни етиолошки влијанија, меѓу кои посебно се издвојува дебелината.

Шеќерната болест најчесто се јавува во подоцнежните години како последица на општите дегенеративни и склеротични промени во организмот, а кај младите личности може да настане како последица на генетски нарушувања или оштетувања на панкреасот кај некои заразни заболувања.


Причинители на шеќерната болест

Наследен фактор

Склоноста за дијабетес се пренесува на потомците, а појавата на самата болест може да зависи и од други причини во текот на животот, па кај некои потомци и да не се појави.

Други заболувања и состојби

За разлика од наследниот дијабетес, постојат некои заболувања и состојби во текот на кои може да се заболи и од шеќерна болест. Таквата шеќерна болест се нарекува секундарна, бидејќи се развива под директно влијание на заболување или делување на штетни влијанија врз организмот. Таков е случајот со појава на шеќерната болест кај хронични алкохоличари, заболување на панкреасот, дебелина, заболувања на штитната жлезда, хипофизата и слично.

Ризични фактори

Склоноста за внесување поголема количина слатки, преобилна исхрана, промена на средина, намалена физичка активност, воспаленија, начинот на живот, стресот или раѓање на крупно дете, над 4 kg.

Влијание на некои лекови

Во првата група лекови кои може да предизвикаат појава на дијабетес спаѓаат лекови кои се применуваат кај ревматските заболувања, хронични болести на дишните патишта, некои бубрежни и кожни заболувања.

Во другата група лекови се контрацептивните средства кои имаат влијание на тоа како ви се однесува шеќерот во крвта.

dijabetes-ili-sekerna-bolest-1.jpg

Симптоми на шеќерната болест

Први обични знаци по кои ќе забележите се: силна жед, често мокрење, проблеми со очите и видот, тешко зараснување на некоја рана, хроничен замор, честа глад, егзема на кожата, слаба циркулација, чести инфекции, замаглен вид, чест грч во рацете и нозете. Симптомите на шеќерната болест понекогаш се вешто маскирани и не е лесно да се откријат.


Типови шеќерна болест и лекување

Дијабетес тип 1

Најтежок облик кој настанува кога клетките во панкреасот создаваат мала количина инсулин или воопшто не го произведуваат. Иако може да се јави во која било старосна доба, за жал, најчесто се среќава кај децата и младите. Терапијата со инсулин се применува од првиот ден, а лечењето задолжително вклучува  строга контрола на нивото на шеќерот, диета и физичка активност.

Дијабетес тип 2

Ова е најраспространет облик. Панкреасот кај заболените од оваа болест не произведува доволна количина инсулин или организмот е навистина резистентен на овој хормон. Се јавува најчесто кај повозрасните, постари од 40 години и кај подебелите личности. Современиот начин на живот го зголемува развојот на овој тип шеќерна болест.

Терапијата за овој тип дијабетес е комбинирана – диета, одреден режим на исхрана, антидијабетици, умерена физичка активност. Доколку ваквото лечење не даде резултати се воведува терапија со инсулин, почетно преку орални антидијабетици.

dijabetes-ili-sekerna-bolest-2.jpg

Дијабетес кај бремени

Овој облик шеќерна болест предизвикува промени во хормонската рамнотежа која може да доведе до нарушување во излачувањето инсулин и зголемена вредноста на глукоза во крвта. На поголем ризик се изложени бремените жени кои се над 25 години, доколку биле подебели и пред бременоста, особено оние кои имаат предиспозиции за развој на шеќерната болест. Обично вредностите на глукозата се стабилизираат по породувањето, но оние кои имале дијабетес за време на бременоста, подоцна стануваат подложни на шеќерната болест тип 2.


Превенција од шеќерна болест

На наследниот фактор тешко може да се влијае, но сепак е добро заради превенција или спречување на напредокот на болеста, да имате здрав начин на живот, со одбрана храна, физичка активност, избегнување на стресни ситуации.

dijabetes-ili-sekerna-bolest-3.jpg

Во исхраната важно е да се избегнува засладено кафе или чај и алхохол. Наместо тоа, одлучете се за сокови со природен засладувач – стевиа.

Cockta Easy е освежително задоволство без шеќер и без енергетска вредност. Идеален избор за дијабетичари и за сите кои водат сметка за своето здравје и тежина.

Би можело да ве интересира:

Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg