5 сигнали дека наскоро може да доживеете инфаркт

Доколку научиме како да ги препознаваме сигналите кои ни ги испраќа организмот пред да ни се случи нешто, ретко кога би се разболeле од сериозна болест.

5-znaci-deka-za-eden-mesec-ke-doziveete-infarkt-01

Ако вашето тело во последен период ви испраќа некои сигнали, а вие не сте способни да откриете што сака да ви каже, проверете дали истите се слични на овие кои укажуваат на иден инфаркт.

1. Се чувствувате поуморно од претходно и често сте подложни на несоница

Намалениот доток на крв во срцето прави да се чувствуваме малаксано и уморно дури и кога не правиме ништо, што резултира со несоница.


2. Често не сте способни да земете подолг здив

Ова е најалармантниот сигнал за срцев удар. Доколку често не може да здивнете длабоко и долго, односно не сте способни да вдишете и издишете убаво, тоа сигнализира дека срцето добива мал доток на крв што го намалува расположливиот кислород во белите дробови.


3. Чувствувате слабост во мускулите

Намалениот притисок ве прави да се чувствувате слабо и беспомошно поради што чувствувате и слабост во мускулите. Тоа ви се случува поради лошата циркулација на крвта во телото која спречува мускулите да работат правилно.


4. Често имате вртоглавици и мачнини проследени со препотување

Доколку имате необјасливи вртоглавици проследени со мачнини и препотување на телото, можно е да сте во прединфарктна состојба. Ова е изразен сигнал кај личностите на кои им се врти во главата после нагло станување. Истото се случува поради ненавремено стигнување на крвта до мозокот.


5. Имате непријатно чувство во градите

Колку што конорарната артерија се стеснува, толку се намалува протокот на крв кој ви предизвикува непријатно чувство во градите.

Прво започнува со чувство, продолжува со забодување и на крај со болка.


Доколку ги препознавте овие 5 сигнали кај вашиот организам, веднаш обратете се на кардиолог.

Би можело да ве интересира:

Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg