9 причини зошто сте секогаш уморни

Недостатокот од сон не е единственото нешто што ви ја цица енергијата. Малите нешта кои ги правите (или не ги правите) може да ве уморат и физички и психички.

9-pricini-zosto-sekogas-ste-umorni-01.jpg

1. Го прескокнувате вежбањето кога сте уморни

Секојдневното вежбање ја зајакнува силата и издржливоста, му помага на кардиоваскуларниот систем и влијае врз доставата на кислорот и хранливи материи низ ткивата. Нареден пат кога уморни ќе се вратите дома, одолејте и на желбата да се фрлите врз каучот и место тоа, прошетајте низ населбата - нема да зажалите.


2. Не пиете доволно вода

Дури и сосема малку да сте дехидрирани, тоа веднаш ќе се одрази врз нивоата на енергија. Кога не пиете доволно вода, крвта се згуснува, срцето потешко пумпа и се намалува брзината со која кислородот и хранливите материи стигнуваат до мускулите и органите.


3. Не внесувате доволно железо

Недостатокот на железо може да направи да се чувствувате слабо, нервозно, деконцентрирано и преморено. Јајцата, црвеното месо, гравот, зелениот зеленчук и оревестите плодови ќе ви помогнат да внесете железо на природен начин. Сепак, имајте во предвид дека недостатокот на железо може да биде симптом на посериозен здравствен проблем и препорачливо е да се консултирате со вашиот доктор.


4. Перфекционист сте

Или со други зборови, чувствувате умор бидејќи навистина сте уморни. Тежнеењето кон совршенство прави да работите многу повеќе од тоа што се бара од вас. Зададете си пореалистични цели зошто дополнителниот труд кој уморни го посветувате на работата е контрапродуктивен.


5. Од игла правите слон

Ако претпоставувате дека ќе добиете отказ секој пат кога шефот ќе ве повика во неговата канцеларија или ви е страв да возите велосипед бидејќи се плашите дека ќе ве удри кола, веројатно патите од состојба наречена анксиозност. Анксиозноста може психички да ве премори и морате да најдете начин да ја победите, дали сами или со помош на професионалец.


6. Го прескокнувате појадокот

Храната која ја јадеме му дава енергија на телото и додека спиеме, нашиот организам продолжува да ја користи храната која сме ја изеле за вечера. Затоа кога ќе се разбудиме наутро потребен ни е појадок за да го надополниме „горивото“. Појадокот е како огномет кој го забрзува метаболизмот и затоа, ако го прескокнеме, веднаш почнуваме да се чувствуваме слабо и уморно.

9-pricini-zosto-sekogas-ste-umorni-2.jpg

7. Претерувате со брза храна

Храната која е богата со шеќери и прости јаглехидрати многу брзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта. Постојаните качувања на шеќерот, проследени си нагли опаѓања предизвикуваат слабости и несвестици во текот на денот а да не збориме за далекусежните негативни последици врз општото здравје од консумирањето на ваквата нездрава храна. Никој не вели дека треба засекогаш да се откажете од јадењето хамбургер или пица, но клучниот збор е- умереност.


8. Не знаете да кажете не

Понекогаш, цената да бидеме сметани за добри и лојални ја плаќаме во енергија и среќа. Нареден пат, кога ќе бидете уморни а друштвото сака да одите во некое диско, кажете не. Подобро дома одморете и наспијте се отколку да се нервирате во себе и уште толку да се преморите. Оние кои вистински ве сакаат и ве ценат, ќе продолжат да ве сакаат.


9. Зависник сте од кофеин

Почнувањето на денот со филџан топло, мирисно кафе не само што не е проблем, туку е и препорачливо но претерувањето со кофеин може сериозно да го наруши циклусот на спиење. Студиите покажуваат дека кафето испиено шест часа пред легнување влијае врз сонот и затоа најдобро би било кафето испиено после ручек да биде и последното кафе во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg