Жени, испробајте го ова и веќе никогаш во животот нема да имате ПМС
Секоја жена еднаш во месецот се соочува се непријатните последици од ПМС - замор, чувствителност и нервоза без посебна причина. Желбата за храна или недостатокот на апетит исто така е уште еден голем проблем кој може да трае со денови.
Често пати тука се провлекува и главоболката која цел ден не ве остава на мир.
Дали ова може некако да се спречи?
Докторката Лара Бриден веќе 20 години се занимава со овој женски проблем и тврди дека конечно го пронашла решението.
Откако една пациентка и се жалела на константен замор и главоболка предизвикани од ПМС, докторката решила наместо да и препише таблети, да и предложи алтернативно решение.
Ја советувала да престане да јаде слатко и пржена храна, па наместо тоа да консумира повеќе магнезиум и витамин Б6 како додаток во исхраната.
По само 1 месец пациентката почувствувала промена, а следната менструација дошла ненадејно, без никакви непријатни симптоми.
Исхраната се темелела на здрави намирници, со избегнување на храната која поттикнува воспаленија во телото, како на пример пржените специјалитети, слатки колачи и вештачките сокови.
Кај некои луѓе дури и млечните производи и житариците може да предизвикаат воспаленија, зависно од организмот.
Затоа докторката советува исхрана богата со магнезиум, Б витамин, овошје, зеленчук и црно чоколадо.