Едноставен пијалак кој успешно се бори со кандидата
Кандидата ја предизвикува габичката наречена кандида албиканс, која сите ние ја имаме. Во идеални услови, кандидата под контрола ја држат таканаречените добри бактерии.
Проблемот настанува кога имунитетот ќе се намали, тогаш доаѓа до зголемување на бројот на габичките и за кратко време почнуваат да се појавуваат досадните симптоми.
Освен зајакнувањето на имунитетот, од голема помош при справувањето со кандидата може да биде исхраната.
Глукозата и фруктозата се видови на шеќер од кои габичките живеат и затоа е многу важно да се ограничи внесувањето на токму тие јаглехидрати. Намалувањето на јаглехидратите ќе се надополни со зголеменото внесување на здрави природни масти. Оброците треба да се разновидни и не е добро да се повторуваат неколку дена по ред.
Ако се сомневате дека имате кандида, можете веднаш да си помогнете со овој ефективен пијалак.Се што ви треба е квалитетен органски јаболков оцет.
Измешајте една лажица јаболков оцет во чаша вода и пијте ја пред секој оброк или барем два пати на ден на празен желудник.
Овој пијалак брзо и ефективно го сопира размножувањето на кандидата.
Истражувањата покажуваат дека киселините и ензимите кои се наоѓаат во јаболковиот оцет помагаат да се елиминира вишокот на кандида во организмот.