Која храна смеете да ја јадете откако ќе ви падне на земја, а која не?
Правилото „5 секунди“ кое тврди дека храната која ви паднала на земја смеете да ја јадете само ако била помалку од 5 секунди допрена за подот, изгледа не важи за сите намирници.
Ова правило се пренесува со генерации, но изгледа дека брзината не е клучна за здравје.
Стручњаците скоро ја отфрлија оваа теорија, затоа што тврдат дека најважен е видот на храната која ви паднала.
- Не постои правило за „5 секунди“. Тоа е мит кој дефинитивно не го препорачуваме, вели Рејчел Вилијамс која работи во австралиската агенција за исправност на храната.
Сепак, не е неважно што ќе се најде на подот. Секоја храна е изложена на бактерии, но со оглед на тоа дека тие се размножуваат многу брзо на влажни површини, поопасно е ако храната која ви падне е мокра и потечна.
- Бактериите најтешко се развиваат на сувата храна, тврди Рејчел Вилијамс.
Тука спаѓаат чипсот, јаткастите плодови, бисквитите, несварениот ориз и тестенини.
Овошјето кое не е излупено и исечено исто така можете да го изедете, но доколку ви паднала исечено и излупено јаболко, заборавете на него.
Задолжително фрлајте ги и сите видови месо и сувомеснати производи кои биле на подот.