Откако ќе ја дознаете тајната, секоја вечер ќе си легнувате со кромид во чорапите
Можеби ви звучи чудно и неверојатно и сигурно не би прифатиле веднаш ваков експеримент. Помислувате на целата смрдеа и неудобноста и се откажувате уште пред да дознаете во што е тајната.
Во кинеската медицина се верува дека стапалата се моќна зонa и директен контакт со сите внатрешни органи, благодарение на т.н. „меридијани“ кои се наоѓаат тука и поминуваат низ целото тело.
Од друга страна, кромидот и лукот имаат огромна моќ за впивање на бактериите и чистење на организмот. Кога тие две работи ќе се спојат, се добива идеален рецепт за евтина и едноставна детоксикација.
Сето ова е поврзано со нервниот систем, бидејќи во стапалата има 7000 нервни завршетоци (меридијани) кои одат директно до внатрешните органи.
Тоа се важни завршетоци, кои често ги занемаруваме бидејќи цел ден носиме чевли, па нервите не се стимулираат на правилен начин. Затоа, покрај останатото, идеално е шетањето по песочна плажа, боси.
Еден од најдобрите начини за да се отворат овие нервни патишта е со помош на кромидот. Ако сакате да го прочистите организмот, а да не мора да држите диета или да одите во сауна, исечкајте го кромидот на дебели кругови, ставете ги на табаните и облечете чорапи. Додека вие спиете, кромидот ќе ви го прочисти организмот.
Познато е дека кромидот ја чисти кожата, бидејќи ги убива бактериите, а фосфорната киселина во крвотокот може да направи чуда.
Ако преку нервните завршетоци во стапалата оваа киселина влезе во крвотокот, ќе ги прочисти органите и крвта, а ќе ги отстрани и бактериите на кои ќе наиде.
Би пробале вакво нешто?