За алкохолот
Со години наназад се знае дека одредена количина на алкохол е добра за здравјето. Низа истражувања велат дека 1 - 2 пијалоци дневно може да...
...придонесе за здраво срце и да заштити од болести како дијабетес.
Но, една друга група научници се сомневаат во точноста на овие заклучоци.
Kaye Middleton Fillmore е пензиониран социолог од Универзитетот од Калифорнија, кој вели дека ниту едно истражување направено досега не покажува дека алкохолот директно го намалува ризикот од болест.
Единствено покажуваат дека повременото пиење може да биде навика на здрави луѓе, но не е дејство што не' прави здрави.
Друга теорија која ја застапуваат некои луѓе, е дека многу институции кои ги прават овие истражувања се потплатени, односно примиле пари од индустријата за алкохол, што ја доведува во прашање објективноста на научниците.
Како и да е, едно е сигурно: не треба да почнете да пиете за да се заштитите од срцеви заболувања. Пијте повремено и умерено. Ако не пиете, нема поента да почнете.