Крлежи, флеки, непријатни мириси - 5 грозни вистини за душекот на кој спиете
Без разлика дали сте спанковци или не, креветот сигурно ви е омиленото место по напорниот работен ден.
Во креветот годишно поминувате по околу 2.000 часа, а иронијата е што во ниту еден случај не сте се загрижиле за душекот на кој спиете.
После овие 5 грозни вистини, ќе се запрашате дали доволно се грижите за своето здравје:
1. Дали треба да се превртува душекот?
Ако спиете на душек постар од 15 години, тогаш задолжително треба да го превртувате на 6 месеци. Но, ако имате нов душек, нема потреба да го правите тоа. Сега се произведуваат душеци на кои не им е потребно превртување за да бидат секаде рамномерни.
2. Крлежи
И покрај општото верување, крлежите не влегуваат во душекот и не ја дуплираат неговата тежина. Се работи за мали бубачки кои човечкото око не може да ги види, а се хранат со мртвите клетки. Тие не може да предизвикаат кивање, течење на носот, ниту астма. Но, најдобро е да се ослободите од нив или барем да ја намалите бројката со тоа што еднаш месечно ќе го чистите душекот со правосмукалка.
3. Чистење
Никогаш не ставајте вода или хемиско средство на душекот. Водата и влагата предизвикуваат пена, па влажноста може да предизвика мувла и непријатен мирис. Најдобро е душекот да го одржувате чист со тоа што ќе ставите заштитна прекривка.
Прекривката би требало да биде отпорна на вода. Грижете се за неа така што секој месец ќе ја перете или барем на секои 3 месеци.
4. Непријатни мириси
Непријатните мириси многу лесно продираат во душекот, а за да се ослободите од нив потребно ви е средство за отстранување на непријатните мириси, а не за нивно маскирање. Поточно, никогаш не користете освежувач, наместо да го исчистите.
5. Флеки
Ако немате заштитна прекривка, а ви се истури пијалак или храна, треба да го направите следново:
- Исправете го душекот за да го спречите продирањето на флеката во внатрешноста.
- Натапкајте ја флеката со хартија додека не ја впие целата течност.
- Кога ќе ја соберете целата влага, исушете го душекот со фен.
Уште неколку совети како да го исчистите душекот прочитајте тука.