3 природни лекови против анемија
Анемијата не е болест, но може да биде симптом на некоја сериозна болест. Ако вашиот лекар ве предупреди за било каков облик на анемија, истата може да биде предизвикана од лошата исхрана.
Најверојатно ви недостасува железо, витамин Б12 и фолна киселина.
За да ги надокнадите овие 3 супстанци во телото, потребни ви се само 3 природни лекови.
1. Сусам
Ова семе е одличен извор на железо. Потребно е да потопите 1 лажица сусам во вода и да ја оставите 2 часа. Процедете ја течноста и изгмечете го сусамот додека не добиете паста. Додајте 1 лажичка мед и измешајте. Земајте по 1 лажичка 2 пати во денот.
2. Спанаќ
Само половина шолја спанаќ ви е потребна за да ја зајакнете крвта. Богат е со витамин А, Б9, Е, Ц, железо, калциум и бета каротен.
- Додајте го спанаќот во салатата, овој пат свеж наместо варен.
- Зовријте половина шолја спанаќ во 1 шолја вода за да направите супа. Додајте ги омилените зачини и консумирајте ја супата 2 пати дневно.
- Во сок од ливчињата на спанаќот додајте 2 лажици мед. Овој сок пијте го секојдневно, 40 дена.
3. Домати
Не е доволно да внесувате железо, ако не внесувате витамин Ц кој ќе го апсорбира. Затоа јадете свежи домати и пијте по барем 1 чаша доматен сок дневно.