Масажа на прстите: Масирајте го палецот за да го намалите стресот, а средниот прст да ја смирите лутината
На прстите на дланките се наоѓаат нервни завршетоци кои се поврзани со одредени органи и внатрешни чувства кои ни се случуваат.
За некои емоции нема конкретен лек или апче, но со намалување на интензитетот на чувството може значително да ви се промени состојбата.
Секој прст е одговорен за различни чувства, па така, зависно од тоа што ви се случува, само со 5 минутна масажа на одреден прст може да се чувствувате подобро.
Сè што е потребно да направите е да го фатите оној прст кој е одреден за емоцијата која ја чувствувате и нежно да го масирате или да го држите со дланката на другата рака околу 5 минути, а притоа длабоко и полека да вдишувате и да издишувате. Веднаш ќе почувствувате олеснување.
Доколку сакате целосно да се смирите и да направите баланс на телото, тогаш масирајте ја средината на дланката.
Ова е мапата на вашите чувства кои се поврзани со прстите:
Палец
Емоции: Стрес, загриженост, тензија
Органи: Стомак, слезенката
Физички симптоми: Болки во стомакот, главоболка, нервоза, кожни проблеми
Показалец
Емоции: Страв, анемичност, болки во грбот
Органи: Бубрег, мочен меур
Физички симптоми: Дигестивни проблеми со варењето, болки во зглобовите, лактите, рамото, мускулите, грбот, проблеми со забите
Среден прст
Емоции: Лутина, фрустрација, неодлучност, исцрпеност
Органи: Црн дроб, жолчка
Физички симптоми: Проблеми со видот, главоболка во пределот на челото, менструални болки, проблеми со циркулација
Домалиот прст
Емоции: Тага, патење, љубовни проблеми, дишење
Органи: Бели дробови, дебело црево
Физички симптоми: Дигестивни проблеми, астма, зуење во ушите, поткожни болести
Малиот прст
Емоции: Напрегање, срцеви проблеми
Органи: Срцето, тенкото црево
Физички симптоми: Проблеми со коските или нервите, срцеви проблеми, крвен притисок, болки во грлото, болки во стомакот