Зошто треба секој ден да јадете лук на празен стомак?
Лукот има моќно дезинфекциско и антибактериско делување, кое изминативе неколку години се споредува со најдобрите антибиотици. Но, кога ќе го каснете на празен стомак, дејството е многу пати поздраво.
Лукот содржи околу 400 активни состојки, богат е со витамини и минерали, билни влакна и масти, витамин А, Б1, Б2, Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калциум, селен, сулфур и фосфор.
Со редовна употреба на лукот се подобрува крвотокот, се намалува повишениот крвен притисок, се намалуваат маснотиите во крвта, како и можноста за заболување од болести на срце.
Истражувањата покажуваат дека лукот има значајни антиканцерогени својства, па со редовно консумирање на празен стомак, може да се заштитите од неколку видови рак.
Ова се само уште неколку случаи во кои лукот може да ви биде од голема помош:
1. Ако имате брадавица на телото, ставете на неа едно парче пресечен лук и заврзете го местото со фластер. Оставете го да делува преку ноќ. Постапката повторувајте ја додека брадавицата не се исуши и падне.
2. Ако ве боли увото, зовријте 2 чешниња лук, па течноста која ќе ја испуштат користете ја како капки за уши.
3. Ако патите од несоница, навечер консумирајте салата со лук.
4. Ако ве болат мускулите, почесто јадете лук, ги опушта мускулите.