Вистини и невистини за очите

vistini-i-nevistini-za-ocite-povekjeМногу работи се наведуваат како здрави или штетни за очите - лошо светло ќе ви го расипе видот, на децата не им се потребни наочари за сонце, јадете...

 

...моркови и ќе имате совршен вид...Дознајте што од ова е вистина.

1. Морковите помагаат на очите.vistini-i-nevistini-za-ocite
Морковот содржи каротен од кој настанува витаминот А. Тој е важен за ензимот ретинол кој овозможува вид на мрежницата. Витаминот А се наоѓа и во други намирници - доматите, спанаќот, така што не значи дека треба да јадете само моркови.

2. Зелената боја ги смирува очите.
Тоа е вистина. Таа е погодна за нив и ги смирува.

3. Лошото светло ќе ви ги расипе очите.
Тоа ни го велат родителите уште кога сме мали, но сепак лошото светло не е штетно за очите. Вистина е дека тие повеќе се напрегаат што доведува до нивно побрзо заморување, но диоптерот нема да ви порасне само затоа што читате покрај мала лампа ноќе.

4. Работата на компјутер е штетна.
Слично како и со светлото, долгото седење пред мониторот ќе ве измори, но нема да ви го зголеми диоптерот. Може да помогнат капки кои ги прочистуваат очите.

5. Малите деца не мораат да носат наочари за сонце.
УВ зрачењето е еднакво и за возрасни и за деца. Капа и наочари се задолжителни за сите возрасти.

6. Може да се влијае на диоптерот.
Сами сепак не можеме да влијаеме. Многу доктори советуваат вежби за подобрување на видот. На пример, кратковидноста не е резултат на читањето на училиште - таа е вродена и прашање е само кога ќе се појави.

7. Ако немате голем диоптер, не мора да носите наочари.
Многу кратковиди луѓе сметаат дека видот нема да им се влоши ако не почнат да носат очила додека диоптерот им е понизок. Погрешно! Ова може да биде опасно. Ако не реагирате на време, може само да ја влошите состојбата.

Би можело да ве интересира:

Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
12 причини зошто менструацијата ви трае подолго од вообичаено Високото ниво на стрес, значителните промени во тежината и премногу вежбање може...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не ми е пријатно кога сум помеѓу луѓе - мислам дека ќе кажам нешт... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Како да го намалите крвниот притисок и какви компликации предизвикува ако не го контролирате? Не можете инстантно да го намалите крвниот притисок без помош од лекар. Но, може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg