Заборавете на старите правила и започнете го денот на најздрав начин
Заборавете на муслите, житариците и овошјето, бидејќи според новите правила наутро треба да консумирате повеќе протеини и салати со маслиново масло и лимонов сок.
Броењето калории никако нема да ве однесе на вистинскиот пат, а наместо да правите калкулации, помислете на изворот на калориите.
На пример, 100 калории од кељ секако е покорисно отколку 100 калории од чоколадо. Обрнете внимание на следниве работи:
Маслиново масло во салата, а не во тавче
Сите благодети од маслиновото масло исчезнуваат во истиот миг кога го изложувате на висока температура. Затоа најдобро е да го користите во сиров облик, односно како прелив за салата. Наутро на празен стомак консумирајте мешавина од 1 кафена лажичка маслиново масло и 1 кафена лажичка лимонов сок.
Прошетајте 5 минути на секој час
Запишете го ова правило и додајте си потсетник на вашиот мобилен телефон. Откако ќе помине 1 час, задолжително станете и прошетајте се. Доколку имате сопствена канцеларија, тогаш ќе ви биде многу полесно, бидејќи можете да направите и вежби за истегнување. Доволни ви се 5 минути за да се рестартирате и да можете да ги наполните батериите.
Внимавајте на стапалата
Намалете го бројот на часови поминати во неудобни чевли, особено треба да внимаваат жените кои постојано носат високи потпетици. Потрудете се да правите вежби и да ги истегнете стапалата. 2 минути можат да направат голема разлика.